СДСМ: Гаши да каже што ќе прави сега со Даути

January 13, 2025
1 min read

Социјалдемократите за „игрите“ со Законот за бранителите и интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, Илирие Даути, велат дека ги направил претседателот на Собранието Африм Гаши. Тие го повикуваат спикерот, веднаш да и соопшти на јавноста, ‘сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори’.

Според СДСМ симтоматично е што спикерот Гаши предвреме и го одзеде правното дејство на интерпелацијата за Даути говорејќи дека ‘нема обврска за нејзино разрешување’.

„СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ. Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Даути е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија

Следно

„Борбата за правда продолжува, ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето“, вели Јанкуловска по ослободителната пресуда

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Во некапацитетноста Филипче е докажан кадар, почнувајќи од корона периодот кога му починаа 10.000 граѓани, се до водењето на СДС што ја донесе до едвај 130.000 гласа

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата во СДС, која впрочем и му ја чува на неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче ниту го интересира стандардот
Go toTop