МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија

January 13, 2025
1 min read

Министерството за здравство попладнево информира за успешна трансплантација на Клиниката за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, што е имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија.

Како што истакнуваат од Министерството, кај нас за првпат е извршен ваков тип трансплантација. Детето, нагласуваат од Министерството, е со уреден постоперативен тек.

Во пишаната изјава на проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, се наведува дека тие ќе продолжат со уште посилно темпо, заедно со сите чинители, да ја подигнуваат свеста за овој акт на човекољубие.

– Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација – д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска, додава Кузмановска во изјавата, објавена на „Фејсбук“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Куманово, Струмица, Скопје и Кичево: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот

Следно

СДСМ: Гаши да каже што ќе прави сега со Даути

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop