СДСМ: Директорката на инспекторатот Гиновска ги штити загадувачите на Крива Река, наместо граѓаните

April 5, 2025
1 min read

Скандалозно е што директорката на Државниот инспекторат за животна средина денес на прес-конференција застана во заштита на предизвикувачите на еколошка катастрофа, наместо да застане во одбрана на животот и здравјето на граѓаните што е нејзина должност соогласно Устав и Закон.

Ивана Гиновска денеска покажа застрашувачка неинформираност и непознавање од областа на заштитата на животната средина, но и основни познавања од областа на математиката.

Имено директорката тврдеше дека концентрацијата цијанид во Крива Река е само два пати над дозволеното. Разликата помеѓу 0.001 микрограми по литар колку што е дозволеното ниво на цијанид и количеството од 0.014 микрограми по литар колку што е регистрирано е разлика од 14 пати, а не два како што тврдеше директорката.

Дополнително таа тврдеше дека некој шпекулирал со количество на олово. Количеството на олово во реката е зголемено за 10 пати од дозволено ниво од 10 микрограми по литар, моменталната состојба во Крива река кога е тестирана водата количеството е од 100 микгрограми по литар.

Во моментов водата на Крива Река е петта класа, според концентрациите на олово, многу загадена и не смее да се употребува за ништо.

Застрашувачка е леснотијата со која Гиновска призна дека двајцата инспектори кои биле на должност по преливањето на јаловиштето во Тораничка река се во тесни релации со рудникот Булмак, односно едниот инспектор е поранешен вработен во рудникот додека сопругата на другиот работела во споменатата компанија.

Дополнително, загрижува и леснотијата со која Гиновска констатира дека инспекторите кои требало да го контролираат рудникот се бивши раководители и вработени во “Булмак 2016”.

Директорката Гиновска, заедно со Владата предводена од Христијан Мицкоски треба да одговорат како ќе ги обештетат сите земјоделци кои по течението на реките Тораница, Крива Река, Пчиња и Вардар ги коистат овие води за наводнување на земјоделското земјшите.

Владата на чело со Мицкоски треба да им одговои на граѓаните колку пари чини животот и здравјето на и за колку пари дадени во кампања го продаде здравјето на граѓаните на Николај Волканов?

ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивните коалициони партнери, но и бизнис паратнери на чело со Христијан Мицкоски како премиер на Владата застанаа во одбрана на криминалот и труењето на сопствените граѓаните.

За крај сите гореспоменати треба да одговораат не само пред судот на јавноста туку и пред правосудните органи за ставање во ризик на здравјето на илјадници граѓаните на државата, како и за ноторно лажење на целата македонска јавноста за опасностите од овој екоцид во паланечко.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски организации за човекови права: „Протерувањето на Палестинците од Западниот Брег е поддржано од државата“

Следно

Температурите паѓаат: Утре се очекува снег и силен ветер од над 70км/ч!

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop