Санторини: За девет часа над 50 земјотреси, најсилниот пет степени

February 4, 2025
1 min read

Земјотрес со јачина од пет степени беше регистриран кусо по 15 часот по локално време во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите три дена, а за девет часа биле регистрирани над 50 потреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку се анализираат податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, од седум часот утрово до 16 часот по локално време биле регистрирани 55 земјотреси, од кои 13 над четири степени.

За ситуацијата со земјотресите денеска се одржа министерски состанок во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи со учество на претставници од повеќе министерства, од армијата, итната служба, локалната самоуправа, како и сеизмолози.

По состанокот, претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас рече дека доброто сценарио би било да се случи е посилен земјотрес со јачина од 5 до 5,5 степени, што ќе се смета и за главен земјотрес, нема да предизвика значителна штета, но ќе помогне за деескалација на феноменот.

– Им препорачувам на жителите на Санторини да бидат смирени. Сфаќам дека некои се чувствителни на земјотреси и затоа си заминуваат од Санторини, но генерално нема причина да си заминат. Санторини е безбеден остров, посочи Лекас по состанокот.

Како што утрово објави МИА, поради серијата земјотреси во текот на изминатите најмалку три дена, голем број жители, работници, но и туристи со траекти и авиони го напуштаат Санторини, а процените во Грција се дека досега, најмалку 5.000 лица го напуштија островот.

Од вчера до петок училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи ќе бидат затворени, а граѓаните ќе треба: да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потерница против битолчанец обвинет за семејно насилство

Следно

Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop