Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

February 4, 2025
1 min read

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското одделение во Општата болница Струга, по смртта на четиригодишното дете од Лабуништа.

Според соопштението на ДСЗИ, при инспекцискиот надзор во установата било констатирано дека станува збор за дете со потешка форма на церебрална парализа, кое покрај тоа што било чест пациент на Детското одделение, било лекувано и на Клиниката за детски болести Скопје, како и надвор од државата.

– Во врска со последната здравствена состојба која завршила со фатален исход, детето во ЈЗУ ОБ Струга било донесено на ден 30 јануари годинава, кога му е поставена дијагноза J20-акутен бронхитис. Веднаш му е ординирана интравенски антибиотска терапија и инхалација со NaC и отворена му е историја на болест за претстој во дневна болница. При престојот во дневната болница на 1 февруари, нотирано е дека и после ординираната терапија, кај детето нема подобрување. Направени му се РТГ на бели дробови и лабораториски анализи, стои во информацијата на ДСЗИ.

Наредниот ден, како што е образолжено, утрото, детето било донесено во тешка општа состојба, бледо, адинамично, без реакции на дразба, со површни респирации и брадикардично.

– Веднаш е поставено на терапија и кислородна поддршка, но во тек на терапијата здравствената состојба му се влошила со застој на респирации, срцева акција, како и проширени зеници. Веднаш е започната реанимација, повикан е и анестезиолог реаниматор и продолжено со истата, меѓутоа без реакција и во 9 часот 45 минути е констатирана смрт, посочува ДСЗИ.

Со оглед на фактот дека, како што е наведено, ДСЗИ нема надлежности во делот на стручната работа на здравствените работници и здравствените установи, согласно член 296 од Законот за здравствената заштита, до министерот за здравство ќе достави информација со иницијатива за вршење на стручен надзор во врска со лекувањето и третманот на починатото дете во Општата болница Струга.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санторини: За девет часа над 50 земјотреси, најсилниот пет степени

Следно

Како пропаднаа познатите ланци на обувки на Балканот?

Latest from Blog

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта

Ново невреме од Албанија и Косово доаѓа во Македонија – се очекуваат интензивни врнежи

По силното невреме што денеска предизвика штети во повеќе делови од земјата, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека кон Македонија се приближува нова нестабилна воздушна маса. Според информациите од УХМР, невремето

Албанците од Општина Бутел му даваат трипати поголема поддршка на градоначалникот Костовски отколку на поранешниот градоначалник од СДСМ во 2023 година

Анкета спроведена меѓу 1.100 граѓани на Општина Бутел покажува значителна промена во перцепцијата на граѓаните Албанци кон актуелниот градоначалник Дарко Костовски. Според резултатите, од 228 анкетирани Албанци, 44,7% позитивно или делумно позитивно

Дефанзивецот на Наполи ќе паузира околу три месеци

Дефанзивецот на Наполи, Алесандро Бонџорно ќе паузира околу три месеци, откако му беше направена операцијата на лигаментот на десното колено. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти првите десетина мечеви од шампионатот
Go toTop