Санчез би можел да се пресели во Интер

August 21, 2023
1 min read

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека поранешниот напаѓач на „нероаѕурите“ Алексис Санчез го известил за неговата желба да се врати во италијанскиот клуб.

– Санчез сака да се врати овде. Алексис ни испрати јасни сигнали за неговата желба да се врати во Интер, вистина е, го цитира Марота новинарот Фабрицио Романо.

Алексис Санчез играше за Интер од август 2019 до август 2022 година. Заедно со тимот го освои италијанското првенство, како и Купот и Суперкупот на земјата. Чилеанецот има 109 настапи за Интер во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 23 асистенции.

Во сезоната 2022/23, 34-годишниот Санчез одигра 44 натпревари за Марсеј и постигна 18 гола во сите натпреварувања. Во моментов има статус на слободен играч. зс/

На 4 август се појави информација дека Санчез би можел да се врати во Барселона, за која играше од јули 2011 до јули 2014 година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најнискиот човек на светот сака да ја посети Туркије и да се сретне со највисокиот човек на светот

Следно

Меџити: Доколку е исплатен и еден денар за трите модуларни амбуланти во Скопје ќе си поднесам оставка

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop