Меџити: Доколку е исплатен и еден денар за трите модуларни амбуланти во Скопје ќе си поднесам оставка

August 21, 2023
1 min read

реклама



Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека додека не се расчисти целиот случај, нема да биде исплатен ниту денар за трите модуларни амбуланти во склоп на Здравствениот дом Скопје, а доколку има вакво нешто, како што вели, ќе си поднесе оставка.  

– Не е исплатен ниту денар. Доколку за овие три амбуланти е исплатен само денар, јас како министер за здравство ќе си поднесам оставка сега. Не е платено, ниту ќе се плати во иднина додека не се расчисти целиот случај, рече Меџити на денешниот брифинг со новинарите.

реклама

Модуларните амбуланти во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров станаа актуелни по објавата на истражувачката сторија на ИРЛ за модуларната болница во Тетово. За овие три амбуланти, засега останува отворено прашањето дали Владата ќе и го исплати долгот на компанијата „Брако“.

Со оние кои што пласираат дезинформации во медиумите, како што рече, ќе го решава проблемот по правен пат.

реклама

– Целта ми беше да не го оштетиме буџетот на Министерството за здравство. Со непостапување, каматите за три модуларни амбуланти се над 250 илјади евра. Ова значи дека се намалува буџетот на Министерството за лекување на пациентите. Затоа баравме од надлежните институции да имаме информација. Се што не е во ред, имаме поднесено пријави, рече Меџити.

Модуларните амбуланти во рамки на Здравствниот дом Скопје, како што посочи, се безбедни и за медицинскиот и за немедицинскиот персонал.

реклама

– Работата во нив продолжува. Овие амбуланти не се оние поставени за време на Ковид-19, подвлече Меџити.

На новинарско прашање зошто екипа на Брза помош не постапила професионално и пиела кафе додека, како што беше посочено, пациент со кислородна маска бил во возилото, Меџити рече дека доколку се потврди информацијата како точна, тогаш ќе следуваат најригорозни казни за сторителите.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Санчез би можел да се пресели во Интер

Следно

„ТЕЛО“ НА СЕЛИШКАР ВЕЧЕРВА СО МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОКС

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop