САМО 20 ДУШИ ДОЈДОА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ФЕРУС МУСТАФОВ КОЈ ГИ СОБИРАШЕ АПЛАУЗИТЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ

May 25, 2023
2 mins read

Дваесетина лица, од кои неколку члена на семејството и три новинарки од дигитални медиуми, дојдоа на денешната комеморација на легендарниот музичар Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72 години после кусо боледување. Мустафов, еден од најпознатите македонски музичари во светот, беше погребан завчера во Скопје. Мустафов ги собираше аплаузите на сцените низ цел свет, но денеска, на комеморацијата во негова чест, за последен пат му аплаудираа само 20-тина луѓе. Без ниту една камера, ниту фоторепортер. Не беше прочитана ниту една телеграма за сочувство, иако голем дел од политичарите на Фејсбук испратија последен поздрав.

Комеморацијата ја организираше Здружението на естрадни уметници, кои терминот и локацијата, 25 мај, 11 часот, во фоајето на Националната опера и балет (НОБ), ги објавија на 22 мај во вечерните часови. Социјалните мрежи и медиумите на денот на неговата смрт, цел ден беа преплавени со пораки од колегите од цела музичка естрада, од соработници од сите жанрови,  за последен поздрав, со објавување на негови песни, се потсетуваа колку бил харизматичен и хуман, но на комеморацијата дојдоа едвај два-тројца музичари.

„Многу ми е жал што денеска нема колеги, можеби дека е во работно време. Човекот заслужува. Јас не сум човек кој зборува зад грб, да останеме позитивни“, рече музичарот, композитор и педагог  Сашо Ливрински.

„ММС“ објави дека на погребот дошле многу колеги, пејачи и пејачки, но, пак не сите кои тој ги почитувал.

Музичарот Каан, Горјан Стојановски, Сашо Ливрински, внукот и синот на Мустафов, Ферус и Илми Мустафови. (Фото: СДК.МК)

Мустафов е роден во Штип во муслиманско ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на 17 години, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Томе Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.

„Мислам дека тоа му е паметен потег затоа што, затоа што понекогаш, за жал, во нашето општетство, дипломите не значат ништо. Значи работата. Тој постигна еден личен бренд. Нему не требаше да му се зборува како треба да свири, само ќе ја слушнеше песната и тоа беше отсвирено онака како што треба да биде. Беше многу харизматичен, хуман, многу си ја сакаше својата земја. Ферус е пример за макотрпна работа. Човек кој не живееше на стара слава, до крај свиреше, иако имаше 4 бајпаса. Човекот реши животот да го заврши на музички начин. Тој не е само крал на ромската музика, туку крал на македонската музика. Ако се погледнеме и денес меѓу нас, нè има од сите националности, ништо што ни еден политичар не успеал да го постигне. Покрај тоа што беше беспрекорен виртуоз, беспрекорен на својот инструмент, беше и општествено значаен во обединување на сите националности“, кажа Ливрински.

Во име на Здружението на естрадни уметници, говореше претседателот Горјан Стојановски, кој кажа дека добил пораки од колеги, со извинувања кој може, кој не може да дојде, а некои и го замолиле да ги прочита пораките место нив. Кажа дека Мустафов не стигнал да го промовира новото дело „Текила оро“, но ќе биде промовирано во телевизиска фолк емисија.

Во биографијата на Мустафов се наведува и дека  една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време. Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и добил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се „Глобус Стил“ и „Тропски“. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Иниеста повторно во дресот на Барселона?

Следно

Над 1,89 милиони лица во странство гласаа во вториот круг претседателски избори во Туркије

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop