Салковски: Добивме само 3 милиони од бараните 10 милиони денари за реализација на филмови

September 21, 2023
1 min read

Филмскиот продуцент Томи Салковски во директно соочување со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во вечерашната емисијата „Аргумент плус“ на телевизијата „24 Вести“ изјави дека аларм за кратење на финансиски средства во износ од 10 милиони денари, минатата недела, ги кренал на нозе вработените во Агенцијата за филм, по што следуваше и јавна реакција на филмските режисери и продуценти. Кратењето на финансиите е поради ребалансот на буџетот, кој е во собраниска процедура, а го спроведува Секторот за финансии во Министерството за култура
„По некои неформални податоци што ги добија нашите колеги, дознавме дека со ребалансот на министерството за култура се планира кратење за средствата од Министерството за култура наменети за филм преку агенцијата за филм. Се собравме, се закажа состанок. Членовите инсистираа да бидат само продуценти и режисери бидејќи се првата најзасегната страна. За првпат по долго време се јавија 70 режисери во оваа група. Сите имаме иста борба и иста желба да создаваме повеќе филм. Немаме партиска определба и имаше 100 отсто единство. Добивме информации, секој што можеше да провери и најпрвин се обративме со Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм и отидовме кај него. Тој се одбрани, ни извади некакви документи дека ги побарал парите, но не му биле префрлени. Во неформални разговори тој дознал дека средствата ќе бидат скратени“, посочи Салковски.
Салковски објасни како оди постапката. Агенцијата за филм поднесува барање, а министерката го одобрува трошењето на средствата. Тој истакна и што се случило со барањето на директорот на Агенцијата за филм.
„Лазаревски навремено, уште на 30 август го поднесе Барањето до министерството за култура за одобрување на месечен финансиски план на расходи за септември 2023 за планирани 10 милиони денари, за што има доказ со приемен печат од министерството.
Овие пари се потребни за да се подмират доспеаните обврски по проекти, филмски фестивали реализирани во 2022 година и филмски проекти кои се фаза на пост-продукција. Наместо бараните 10, добил само 3 милиони денари. Најгласни беа оние кои сега треба да почнат со снимање, а станува збор за филмовите на Унковски и Волкашин. Филмовите секогаш се снимаат во септември и октомври поради должината на денот. Има и други копродукции чии меѓународни снимања беа поддржани и обврзани сме да ги снимиме“, потенцира Салковски.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски во Њујорк се сретна со управниот директор во групацијата „Блекстоун”

Следно

Шилегов: По две години граѓаните на Скопје видоа огромна разлика на полошо

Latest from Blog

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop