Салиу во 24 анализа: Зад британскиот кредит стојат и премиерот на Велика Британија и премиерот на Македонија

June 2, 2025
1 min read

Новинарот Исен Салиу во 24 анализа рече дека зад британскиот кредит стојат и премиерот на Велика Британија но и премиерот Мицкоски.

Според него, тоа дава некаква сигурност дека ваквиот договор нема да наштети.

„Тоа што знаеме е дека е кредит позади кој застана и премиерот на Велика Британија и премиеротна Македонија Мицкоски. Имаме две политички структури кои имаат големи и убедливи мнозинства во парламентите, така да тоа дава сигурност. Не би се впуштиле во авантуристички договор кој ќе наштети. Иако крјаните резултати ќе ги знаеме во следните 10 години сепак и до наредните избори ќе има опипливи резултати. Британија е голема сила“, рече Салиу.

За процесот на евроинтеграции, Салиу рече дека очекува напредок по локалните избори.

„Јас напредок со евроинтегарциите очекувам по наредните избори, после локалните ќе следи еден три годишен период до следните редовни избори и тогаш ќе се создаде покомотна ситуација да се размисли со поладни глави за да се најде решение. Мислам дека не треба да се тргнеме од европскиот пат и треба засилено да продолжиме да ги оствасруваме обврските“, додаде Салиу.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ со вистината за Кочани: И личниот избор на Тошковски, началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Следно

Граѓаните наскоро ќе можат да ги имаат своите лични документи во дигитален облик!

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop