Салах ќе отсуствува три до четири недели, објави Ливерпул

January 23, 2024
1 min read

Помошникот тренер на Ливерпул, Пеп Лијндерс, изјави денеска дека англискиот премиерлигаш нема да може да смета на услугите на египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах во следните три до четири недели.

Салах ја повреди тетивата изминатиот четврток, настапувајќи во дресот на Египет против Гана (2-2) во групата Б на Купот на африканските нации што се одржува во Брегот на Слонова коска.

„Би требало повторно да игра за три до четири недели ако сè помине во најдобар ред“, рече Лијндерс.

Ливерпул и Фудбалската федерација на Египет се договорија Салах да го напушти Брегот на Слонова коска и да се врати во Англија на рехабилитација.

Во египетската репрезентација се надеваа дека Салах би можел да им помогне доколку во продолжението на Африканскиот куп се пласираат во финалето, но роковите кои денеска ги наведе Ливерпул отфрлаат и најмала надеж за такво сценарио.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир пуштен во употреба

Следно

ПОЛА МИЛИОН ЕВРА: Карлеуша за одморот во Дубаи искеширала брдо пари, а сето тоа поради овој луксуз во кој ужива секојдневно гола (ФОТО)

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop