САД ветија продолжување на испраќањето помош за Украина на сите полиња

July 9, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американскиот Стејт департмент објави порака по повод 500. ден од руско-украинската војна, јавува Анадолу.

Во пораката, насловена „500 дена отпор во Украина“, посебно ја пофали одбраната на Украина во војната со Русија.

Се додава дека руската Влада е најголема пречка за праведен и траен мир во Украина.

„САД ќе продолжат да ѝ наметнуваат големи трошоци на руската Влада и бараат одговорност за кршењето на меѓународното право преку санкции, контрола на извозот и други мерки што ќе влијаат врз способноста на Кремљ да војува“, се наведува.

Стејт департментот нагласи дека ќе продолжи да праќа помош за Украина на полето на безбедносната, економијата и други полиња.

„Така што Украина може да продолжи да се брани и да биде на најсилната можна позиција на преговарачката маса кога ќе дојде време за тоа.“

Војната меѓу Русија и Украина започна на 24 февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Зеленски се врати од Турција со заробените командати од Азовстал, тие ветуваат враќање на бојното поле

Следно

Шпанскиот фудбал завиен во црно: Почина Луис Суарез (ФОТО)

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop