САД: Потрага по мажот кој уби пет соседи откако побарале да не пука во дворот за да заспијат бебе

April 30, 2023
1 min read

Осомничениот убиец избегал веднаш откако егзекутирал петмина свои соседи, меѓу кои и дете на 8 години. Нападот се случил отако сега веќе жртвите, побарале од мажот да престане да пука со пушка во неговиот двор, бидејќи од бучавата не можеле да го заспијат бебето

Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) се вклучи во потрагата по осомничениот убиец на пет лица во малиот град Кливленд, Тексас.

Џејмс Смит (лево), агент на ФБИ, фото: принтскрин Си-Ен-Ен

„Го сметаме за вооружен и опасен. Тој е на слобода и тој е закана за заедницата“,

изјавил агентот на ФБИ, Џејмс Смит

Според исказите на преживеаните, Франциско Оропеза, инаку 38 годишен, отворил оган кон соседите во петокот вечерта (по тамошно време) откако тие побарале да престане да пука со пушка во својот двор бидејќи не можеле да го заспијат бебето. Откако го одбил барањето, осомничениот по некое време се појавил пред влезната врата на соседите носејќи пушка, што може да се види од снимка на камера на куќата според локалната полиција.

Франциско Оропеза, фото: принтскрин Си-Ен-Ен

Певеќе лица биле најдени мртви на лице место кога пристигнала полицијата и тоа во различни соби. Меѓу нив биле и две жени во една од спалните, за кои истрагата верува дека со телата штителе помали деца, кои го преживеале нападот. Убиените биле „егзекутирани“, односно убиецот пукал од блиску во вратот или во глава.

Според локалните власти, Оропеза првично бил следен преку сигналот на неговиот мобилен телефон, но трагата потоа се покажала лажна. На само 65 километри од местото е Хјустон, град со близу 2,3 милиони жители во централното градско подрачје.

Жртвите, пренесува Си-Ен-Ен, се:

  • Соња Аргентина Гузман (25)
  • Диана Веласкез Алварадо (21)
  • Јулиса Молина Ривера (31)
  • Хосе Џонатан Касарез (18)
  • Даниел Енрике Ласо – Гузман (8)

Во куќата имало уште пет лица кои не се повредени. Три деца се најдени прекриени во крв и биле однесени во болница, но не биле повредени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: Експлозијата во складиште за нафта на Крим, подготовка за голема офанзива

Следно

Ерлинг Халанд постигна 50 голови за Манчестер Сити

Latest from Blog

СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПРЕДВИДЕНИ УШТЕ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ И 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ, РЕЧЕ ЉУТКОВ

Со ребалансот на Буџетот е предвидено Агенцијата за филм да добие дополнителни 145 милиони денари (2,3 милиони евра), а уште 155 милиони денари (2,5 милиони евра) се предвидени за субвенции и поддршка

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавите на Мицкоски

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци

Бугарската Влада го „преживеа“ третото гласање недоверба, нови тензии пред влезот во еврозоната

Третото гласање за недоверба кон Владата на Бугарија предводена од Росен Желјазков пропадна. Владата на ГЕРБ, БСП и ИТН, со поддршка од коалицијата “ДПС-Нов почеток” на Делјан Пеевски, не успеа да добие

Нов топлотен бран го пржи Балканот

Македонија ја погодува нов топлотен бран со температури кои надминуваат 40 степени. Жештините го зафаќаат цел регион, а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела.  Според

Пропалестински активисти протестираа пред Високиот суд во Лондон против забраната на групата „Палестинска акција“

СКОПЈЕ (АА) – Пропалестински активисти денес одржаа протест во знак на солидарност пред Кралскиот суд во Лондон, јавува Анадолу. Коосновачката на групата „Палестинска акција“, Худа Амори, започна правна постапка против британската Влада
Go toTop