САД остануваат при ставот дека обвинувањата за геноцид од страна на Израел се неосновани

January 27, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Портпаролот на американскиот Стејт Департмент изјави дека САД остануваат при соттав дека обвинувањата за геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на превдата се неосновани, известува Анадолу.

Портпаролот на Стејт Департментот рече дека САД ја признаваат „значајната улога на Меѓународниот суд на правдата во решавањето на споровите“, истакнувајќи дека Бајденовата администрација „доследно јасно става до знаење дека Израел мора да ги преземе сите можни чекори за да ја минимизира штетата врз цивилите, да го зголеми протокот на хуманитарната помош и да се позанимава со дехуманизирачката реторика“.

„И понатака веруваме дека обвинувањата за геноцид се неосновани и напоменуваме дека судот во својата пресуда не изнел закључокот за геноцид, ниту повика на прекин на огнот. Повика на безусловно, моментално ослободување на сите заложници што ги држи Хамас“, истакна портпаролот во пишаниот одговор за Агенција Анадолу.

Тој додаде дека пресудата исто така, е во согласност со „нашиот став дека Израел има право да преземе мерки за да се обезбеди дека терористичкиот напад од 7 октомври нема да се повтори“.

Наведе дека САД ќе продолжат да ја следат судската постапка како случајот се одвива.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ

Следно

Силен земјотрес во Гватемала, почувствуван и во Ел Салвадор

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop