САД обвинуваат експертка на ОН за „економска војна“ поради извештај за компании кои ѝ помагаат на израелската окупација

July 2, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американската мисија при Обединетите нации (ОН) остро го осуди новиот извештај на специјалната известувачка на ОН, Франческа Албанезе, обвинувајќи ја дека води „економска војна“ против американските и глобалните компании, посочувајќи ги како соучесници во израелската окупација и воените дејствија во палестинските територии, јавува Анадолу.

Во соопштението објавено вчера, Мисијата истакна дека Албанезе испратила „заканувачки писма до десетици ентитети низ светот, вклучувајќи и големи американски корпорации“, обвинувајќи ги за соучесништво во „груби прекршувања на човековите права, апартхејд и геноцид“.

„Овие писма претставуваат неприфатлива кампања на политичка и економска војна против американската и глобалната економија“, се наведува во соопштението, во кое обвинувањата против Израел се опишани како „лажни и навредливи“.

САД повторно го повикаа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јавно да ги осуди постапките на Албанезе и да преземе чекори за нејзино отстранување од позицијата специјална известувачка за состојбата со човековите права на палестинските територии окупирани од 1967 година.

„САД предупредуваат дека понатамошниот неуспех да се преземат мерки нема само да ги дискредитира ОН, туку ќе предизвика и сериозни последици како одговор на несоодветното однесување на госпоѓа Албанезе“, се додава во соопштението.

Извештајот на Албанезе, кој треба да биде презентиран в четврток во Женева, наводно ги идентификува компаниите кои наводно ја поддржуваат израелската окупација, меѓу кои Мајкрософт, Алфабет, Амазон и Палантир – кои обезбедуваат воена опрема, технологија за надзор и инфраструктура што ја поддржува нелегалната окупација на палестинската земја.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која се убиени над 56.500 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен возач во Македонска Каменица затоа што возел под дејство на алкохол

Следно

Енис Барди се враќа во Шпанија?!

Latest from Blog

Над 13 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.426,80 поени. Во

Халанд донесе одлука за својата иднина

Фото: Ерлинг Халанд Х Ерлинг Халанд им кажал на своите претставници засега да ги стават на чекање сите разговори за можен трансфер. Норвешкиот напаѓач не сака да го напушти Манчестер Сити ова

Николоски: Македонија добива нови авионски линии и подобра поврзаност со Европа

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, истакнувајќи дека компанијата „Визер“ го поставува својот седми авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Според Николоски, ова

Проданоски: Кога е најпотребно, Прилеп знае да помогне

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати повик до граѓаните, институциите и компаниите да се вклучат во хуманитарната акција за донирање флаширана вода за пиење за жителите на Гостивар, кои се соочуваат

САД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војниците

Нападите – 10-та последователна ноќ  – доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната
Go toTop