САД ја поздравија средбата меѓу Ердоган и Мицотакис

1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) ја поздрави средбата помеѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јавува Анадолу.

„САД силно ја поздравуваат средбата помеѓу турскиот претседател Ердоган и грчкиот премиер Мицотакис“, изјави за АА еден од портпаролите на американското Министерство за надворешни работи.

„САД ги поддржуваат билатералните средби на секое ниво со цел Грција и Туркије да работат заедно за зголемување на мирот, безбедноста и благосостојбата во регионот“, се вели во изјавата на портпаролот.

Во рамки на посетата на Атина, Ердоган и Мицотакис потпишаа неколку договори во рамки на Советот за соработка на високо ниво.

Двајцата лидери на заедничката прес-конференција упатија пораки за дијалог и унапредување на соработката.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Се празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование

Следно

Блинкен: И понатаму постои јаз меѓу намерата на Израел да ги заштити цивилите и резултатите на терен

Latest from Blog