САД ја одобрија продажбата на американско-израелскиот систем за противвоздушна одбрана на Финска

August 3, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израел соопшти дека официјален Вашингтон одобрил продажба на системот за противвоздушна одбрана со среден и долг дострел, познат како „Давидова прачка“, вреден 316 милиони евра, јавува Анадолу.

Овој систем за противвоздушна одбрана е произведен во соработка на Израел и Соединетите Американски Држави (САД).

Во соопштението на израелската Влада се наведува дека САД првпат одобриле продажба на американско-израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Давидова прачка“ на трета земја.

Се наведува дека во рамките на договорот за продажба на системот за противвоздушна одбрана, на Финска ќе ѝ бидат испорачани ракети-пресретнувачи, лансери на ракети и радарски системи.

Системот за противвоздушна одбрана ќе биде интегриран во командните и контролните системи на војската на Финска.

Системот за противвоздушна одбрана „Давидова прачка“ е развиен во 2017 година, а може да се користи против непријателски авиони, беспилотни летала, балистички проектили, како и проектили со среден и долг дострел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ИЗЛОЖБАТА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ СО ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ЌЕ ПАТУВА НИЗ ЗЕМЈАВА

Следно

Telekomi i Maqedonisë e ka rrjetin më të mirë, është konfirmuar tanimë edhe nga Ookla®

Latest from Blog

Руски гранати погодија станбена област во Источна Украина

СКОПЈЕ (АА) – Русија ја гранатираше украинската област Доњецк, уништувајќи три куќи, известува Анадолу. Русија изврши напад врз местото Костјантинивка, во Доњецк, предизвикувајќи пожари од кои се запалија неколку број куќи. Експлозиите

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес

Македонските млади ракометарки дел од програмата „Почитувај го твојот талент“

Дел од македонските млади ракометарки кои се со младинската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора беа учеснички на програмата „Почитувај го твојот талент“ организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ). На собирот

Висок американски дипломат: „Страните се согласија за чекорите со кои ќе се стави крај на ситуацијата во Сирија вечерва“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека сите страни се согласиле за „конкретни чекори“ кои ќе овозможат прекин на судирите во Сирија, известува Анадолу. „Ги ангажиравме сите страни

СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

Според нив реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега, бидејќи далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како
Go toTop