САД им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Русија поради можна одмазда

February 13, 2023
1 min read

САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина, бидејќи им се заканува некој вид одмазда, односно агенциите за спроведување на законите во таа земја може неоправдано да ги приведат или вознемируваат.

„Американските граѓани кои живеат во Русија треба веднаш да ја напуштат таа земја. Бидете особено внимателни од произволни апсења. Не патувајте во Русија“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Москва, а пренесува „Гардијан“.

САД постојано ги предупредуваа Американците да ја напуштат Русија. Последното вакво официјално предупредување беше издадено во септември минатата година, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.

„Руските безбедносни служби уапсија американски државјани врз основа на лажни обвиненија, ги приведоа и вознемируваа, им ускратија фер и транспарентен третман и ги осудуваа во тајни судски процеси или без приложување веродостојни докази“, соопшти амбасадата.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бутел добива нова градинка: Костовски беше на увид на градежните активности

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Новата „Пазар 3“ коалиција нема да донесе ништо подобро за граѓаните – наместо проекти и инвестиции, ќе има криминал и корупција

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop