Рускоска: Правната квалификација за „Пулс“ е промашена – апсурдно е Министер од 2012 да одговара за трагедија во 2025

April 24, 2026
1 min read

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска упати сериозни критики за начинот на кој е поставен еден од најголемите судски процеси во последно време – случајот „Пулс“, оценувајќи дека правната квалификација е целосно промашена и дека предметот се движи во насока на неефикасност.

Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Рускоска посочи дека обидот сите 33 обвинети лица да се стават под иста правна квалификација е правно неодржлив и може значително да го одолговлечи процесот.
„Правната квалификација за овој предмет е промашена. Катастрофа е да ги теретите сите обвинети за иста правна квалификација.

Особено е нелогично некој министер од 2012 година да одговара за тешки дела против општата сигурност во случај кој се случил 12 или 13 години подоцна. Ако постоел пропуст, требало да се отвори посебен предмет, а не да се обременува овој“, изјави Рускоска.
Таа изрази загриженост и за бројот на предложени сведоци, нагласувајќи дека во домашната судска пракса често се инсистира на квантитет наместо на квалитет на доказите.

„Нема поента 10 или 15 луѓе да ја кажуваат истата приказна во судница ако тоа веќе го направиле во истрага. Тоа само го троши времето на судот и на оштетените“, истакна таа.
Рускоска потсети дека во нејзините предмети, и покрај големиот број сведоци, во обвинението се вклучувале само најнеопходните, со цел процесот да биде побрз и поефикасен.

Дополнително, откри дека дел од родителите на настраданите веќе бараат стручно мислење за обвинението, што, според неа, укажува на недоверба во начинот на кој се води постапката.
„Се плашам дека родителите, кои се веќе во поодминати години, нема да дочекаат вистинска правда. Со толку сведоци, процесот ќе трае со години, а исходот може да донесе ново разочарување“, предупреди Рускоска.

Таа се осврна и на можноста за примена на членот 353 за злоупотреба на службена положба, потсетувајќи дека по последните измени на Кривичниот законик, дел од делата би можеле да застарат, што дополнително ја доведува во прашање конечната разрешница на случајот.

Според Рускоска, со ваква поставеност, „Пулс“ ризикува да стане долг и комплициран процес, со неизвесен крај и далеку од очекувањата за брза и правична судска одлука.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНЕСКО: Девојчињата повторно заостануваат зад момчињата во математика- тоа не е добро

Следно

Рускоска: „Пулс“ е правно промашен предмет – долготраен процес и неизвесна правда

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop