Руски гувернер: Украина истрела 611 парчиња муниција врз областа Шебекински во Белгород

June 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Руски гувернер изјави дека вкупно 611 парчиња муниција биле испукани од украинската Армија врз областа Шебекински во регионот Белгород во земјата, пренесува Анадолу.

„Во урбаното подрачје Шебекински беа истрелани 611 единици разновидна муниција… Во градот Шебекино има голем број оштетувања на централниот пазар, трговските објекти и индустриското претпријатие. Бројот на уништени и оштетени домаќинства и автомобили се прецизира“, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, на Телеграм.

Гладков потоа изјави дека гранатирањето на областа било извршено со помош на повеќецевни ракетни системи „Град“, минофрлачи и топовска артилерија, наведувајќи дека украинските диверзантско-извидувачки сили влегле во областа, но биле запрени додека се обидувале да ги преминат реките во близина на селото Новаја Таволжанка.

Гладков, исто така рече дека имало гранатирање во областите Белгородски, Борисовски, Валујски, Волоконовски и Грајворонски во Белгород.

Во соопштението на Телеграм објавено синоќа, тој рече дека енергетскиот објект во регионот гори, истакнувајќи дека нема жртви или пречки во потрошувачката на електрична енергија.

„Прелиминарната причина за пожарот е фрлена експлозивна направа од беспилотно летало. Службите за итни случаи се на самото место“, додаде тој.

Во меѓувреме, Михаило Подољак, советник на украинскиот Претседателски кабинет, на Твитер објави дека настаните во Шебекино треба да се гледаат како „иднината на Русија“.

„Во примерот на еден мал град, го гледаме крајот на ерата на ‘стабилноста на Путин‘“, изјави Подољак.

Вооружените сили на Украина, според наводите, извршиле серија напади врз пограничните региони на Русија во последниве месеци, особено врз Брајанск и Белгород, кои беа погодени со беспилотни летала и артилерија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Паралели меѓу транс-движењето и јаничарите

Следно

Судан: Најмалку 20 цивили загинаа во оружен напад во Северен Дарфур

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop