РУСКАТА ПУБЛИКА ГО ИЗБРА ИВАН ПОПОВСКИ ЗА НАЈДОБАР РЕЖИСЕР ЗА 2024

December 18, 2024
1 min read

Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, кој над 3 децении живеешеи работеше во Русија, а последниве години живее во Македонија, а работи во Москва, ја доби наградата Ѕвезда на публиката, во категоријата Најдобар режисер за изминатата сезона. Публиката го награди Поповски за претставата „Обично чудо“ во реномираниот Театар Вахтангов во Москва.

„Оваа награда е основана во 2008.  Оттогаш таа стана симбол на непристрасна оценка и јавно признание, бидејќи лауреатите ги избира најмасовното жири — повеќеилјадната публика. Победниците за 2024  ги одбраа повеќе од 178 илјади гласачи — токму толку луѓе учествуваа во гласањето за номинираните. Во текот на театарската сезона, публиката ги избира омилените претстави и ги номинира он-лајн на интернет портал. На крајот од секоја година, по резултатите од гласањето, на свечена церемонија се објавуваат победниците“, велат од тимот на Поповски.

Поповски речиси 30 години живееше во Русија, во врвот на културната елита и постави театарски и оперски претстави, меѓу другите и во Бољшој, кои беа оценувани со најпозитивни рецензии. Претставите на Поповски, кои руската критика ги оценува како спектакли, ги имаат добиено престижните награди „Кристален турандот“, „Музичкото срце на Русија“ и „Златен витез“ и медалот „Пушкин“.

Последен пат во Македонија работеше изминатава пролет, кога во Националната опера и балет (НОБ) ја постави операта „Трубадур“ за отворањето на Мајските оперски вечери, а претходно во МНТ ја режираше „Мајсторот и Маргарита“.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бочварски до Кочовска: Не прифаќате да се зголеми минималната плата – работниците ви се на последно место

Следно

Малишиќ: Идеално е ниедна Влада да не се меша во бизнисот – „цените се покачуваат за да се покрие загубата“

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop