Русија тврди дека Украина нападнала пумпна станица во областа Брјанск

March 21, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека Украина ја нападнала пумпната станица Новозибков во западниот регион Брјанск, јавува Анадолу.

„Вооружените сили на Украина со помош на беспилотни летала ја нападнаа територијата на Новозибковската нафтена пумпна станица Трансњефт. Немаше жртви. Оперативните служби се на лице место“, изјави гувернерот на Брјанск, Александар Богомаз, во порака на Телеграм.

Богомаз изјави дека струјата е исклучена во населените места Мамај, Тростан, Дружба, Сновскоје и Дубровка за да се обезбеди безбедност за време на оперативните активности.

„По извршените оперативно-истражни дејствија, снабдувањето со електрична енергија ќе продолжи“, изјави Богомаз.

Украина сè уште не одговорила на овие наводи.

Руската компанија за транспорт на гас Трансњефт, која е под државна контрола, минатата среда објави дека пронашла три експлозиви на станицата.

„Станицата не пумпаше нафта од почетокот на годината и е празна“, изјави портпаролот на компанијата, Игор Демин, за државната новинска агенција ТАСС.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Ердоган и Ал Судани на состанок во Анкара

Следно

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop