На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

March 21, 2023
1 min read

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра. 

– По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато, до дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, информираше Кутиров.

Како што рече, лицето и накитот се привремено задржани и во моментов се спроведува истрагата. Во истрагата се вклучени и Секторот за контроли и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Директорката на Царинската управа рече дека за овој случај веднаш е известен дежурниот јавен обвинител, заради спроведување на понатамошни истражни дејствија.

Кутиров напомена дека во 2022 година се забележува двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија по сите категории, во однос на 2021 година.

– Споредено со 2021 година кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на над осум тони дроги и психотропни супстанци, како и заплена на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Од нив, во пет случаи се запленети 33,8 килограми злато, со проценета вредност од околу 1,5 милиони евра. Златото е предадено на Агенцијата за управување со одземен имот, која понатаму го депонира во Народната банка до правосилно завршување на судската постапка, рече Кутиров.

Како што информираше таа, од почетокот на оваа година имало вкупно 18 случаи на спречување на недозволена трговија во повеќе категории, меѓу кои два случаи со околу 50 килограми запленети дроги и психотропни супстанци, девет случаи со заплена на акцизни стоки, тутун и преработки од тутун, електронски цигари и тутун за наргиле, три случаи на заплени на девизи во вкупен износ од над 90 илјади евра, како и два случаи на заплена на злато, вклучувајќи го и овој денес, со вкупна проценета вредност од над 2,3 милиони евра.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека Украина нападнала пумпна станица во областа Брјанск

Следно

Зоран Јовановски именуван за в.д. директор на затворот „Идризово“

Latest from Blog

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Италијанскиот весник „Il Fatto Quotidiano“ објави дека од 2022 година, околу 780.000 парчиња оружје исчезнале или биле украдени од испораките на Европската Унија за Украина. Според изданието, само во првите пет месеци

Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката за Коридор 8

Во Софија денеска се одржа првиот состанок на заедничката работна група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовката и реализацијата на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8 – еден од клучните инфраструктурни

Меџити: Во целиот Чаир се реализираат проекти, инвестициите продолжуваат

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека продолжуваат интензивните активности за подобрување на инфраструктурата во општината. Меџити посочи дека во повеќе населби се реализираат проекти за унапредување на подземната инфраструктура, изградба

Божиновска: Македонија го фаќа чекорот со Европа во развојот на зелениот водород

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека со техничка поддршка од Европската Унија успешно е завршена првата сеопфатна Водородна студија за Македонија. Според Божиновска, студијата ги анализира можностите
Go toTop