Русија: Планот на Ерменија да му се придружи на Меѓународниот кривичен суд е апсолутно неприфатлив

March 28, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руските власти остро ги критикуваа ерменските власти за нивниот план земјата да му се придружи на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд (МКС) по неодамнешните налози за приведување, издадени од Меѓународниот суд, за рускиот претседател Владимир Путин и за руската правобранителка за правата на децата, пренесува Анадолу.

Нарекувајќи ги намерите на Ереван „апсолутно неприфатливи“, Министерството за надворешни работи на Русија за новинската агенција ТАСС соопшти дека ерменската страна била предупредена за крајно негативните последици што таквиот потег може да ги има врз билатералните односи.

Уставниот суд на Ерменија во петокот ја објави својата одлука дека Римскиот статут е во согласност со основниот закон на Ерменија. Одлуката е конечна и стапува во сила по објавувањето.

МКС на 17 март издаде налог за приведување на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката на рускиот претседател за правата на децата, Марија Лвова-Белова, под обвинение за незаконско депортирање на украинските деца.

Коментирајќи ја оваа одлука, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва не ја признава јурисдикцијата на МКС.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека налозите за приведување се законски неважечки бидејќи Москва не е потписник на Римскиот статут.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Перу запленети 2,3 тони кокаин кој бил спакуван како керамички плочки

Следно

Фото: Превртен автомобил пред Министерството за економија

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop