„Русија и САД ќе одржат средба во четврток во Истанбул“, информираат турски дипломатски извори

February 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Руската и американската делегација ќе одржат технички состанок во четврток во Истанбул, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, известува Анадолу.

Изворите наведоа дека Анкара е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка во напорите за постигнување мир во Украина, вклучително и да биде домаќин на преговорите.

Претходно денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави средба меѓу руски и американски претставници на која ќе се разговара за работата на амбасадите.

„Нашите дипломати и високи експерти ќе се сретнат и ќе разговараат за системските проблеми што се акумулираа како резултат на незаконските активности на претходната американска администрација за создавање вештачки пречки за активностите на руската амбасада, а ние, се разбира, возвративме на тоа и создадовме непријатни услови за работата на американската амбасада во Москва“, им рече Лавров на новинарите во Доха.

Минатата недела американски и руски дипломати одржаа разговори во Ријад, Саудиска Арабија, каде што се согласија да започнат со активности за ставање крај на војната во Украина и подобрување на дипломатските и економските врски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Комеморација во САД на првата годишнина од смртта на Бушнел кој се самозапали како поддршка на Газа

Следно

Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите кои користат информации од „анонимни извори“

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop