Рубио: САД предлагаат „историска“ резолуција на ОН за мир во Украина

February 22, 2025
1 min read

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД предложиле едноставна, историска резолуција до Обединетите нации и ги повикуваат сите земји-членки на Светската организација да ја поддржат со цел „да се исцрта мапата кон мирот“.

– Оваа резолуција е во согласност со ставот на Доналд Трамп дека ОН мора да се вратат на својата основна цел, како што е наведено во Повелбата на ОН, а тоа е одржување на меѓународниот мир и безбедност преку мирно решавање на споровите, рече Рубио.

Според неговото мислење, „ако ОН се навистина посветени на својата основна цел, мора да се признае дека е можно да се постигне траен мир, и покрај предизвиците“.

ДПА претходно јави дека пред третата годишнина од инвазијата на Русија врз Украина, САД предложиле нацрт-резолуција на Обединетите нации во која Москва не се именува експлицитно како агресор, ниту пак се повикува на повлекување на руските трупи од Украина.

Тоа е во спротивност со резолуцијата поддржана од Европа во која се бара итно повлекување на силите на Москва од Украина. Текстот на САД исто така повикува на прекин на конфликтот и се изразува жалење за загубата на животи.

Предлогот поддржан од Европа требаше да биде поднесен на Генералното собрание на ОН в понеделник кога се навршуваат три години откако Русија ја нападна Украина. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Следно

„Koга чешмата на Америка тече, тогаш ја сметаме за пријател, а кога ќе се запре, претседателот на САД одеднаш е рекетар, недоволно образован“

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop