Рокас: Судството да преземе мерки во случајот со Груби и Беџети

December 13, 2024
1 min read

Најважно е судството да стане независно тело, порача ввроамбасадорот во земјава Михалис Рокас. Тој го повика судството, да ги преземе сите можни активности поврзани со последната црна листа, но и со сите други случаи каде што е присутна корупцијата. 

По Соединетите американски држави и

Апело до судската власт од страна на Европската Унија, за беспоштедна борба против криминалот и корупцијата и независното работење доаѓа откако Стлејт Департментот ја објави последната црна листа, чпроширена со имињата на поранешнито вицепремиер, Артан Груби и апелацаискиот судија, Енвер Беџети.

Професионално судство останува клучен приоритет за  интегративниот процес на земјава во ЕУ, посочи Рокас 

„Соединетите Aмерикански Држави презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата со ставањето на црна лсита на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети. Но најважно е судството да ги преземе потребни мерки поврзани со овој случај. ЕУ има преземено значајни активности и напори за обезбедување механизми за зајакнување на судството.Тука можам да ја споменам оценската мисија на ЕУ, која што издаде 40 препораки за судството во Северна Македонија, така што мислам дека најважно е судството да стане независно тело. Со постоење на независно судство, ќе се зголеми довербата во општеството и се надеваме дека ова ќе се случи многу поскоро“, додаде Рокас.

Обвинителство пак дополни Рокас, треба да ги направи сите можни чекори, во случаи каде постојат сомнежи за  корупција. 

Премиерот Мицковски пак најави дека по акцијата „Адитив“, ќе има уште десетици такви случаи во следниот период.  

„Нема да се случува како што беше во минатото на полноќ или наутро да влегуваат специјални единици вооружени до заби во домовите на лицата коишто се осомничени и сето тоа камера да го снима и слично и да правиме естрада. – Нема да биде тоа, ќе биде вака преку соопштенија, а потоа преку еден фер и транспарентен судски процес очекувам секој да ја докажува својата вина или невиност во целиот случај. Во периодот што следи мислам дека од информациите со коишто располагам ќе има десетици вакви случаи, рече Мицкоски. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадиновски: Преку подготвителни седници ја градиме довербата и ги уверуваме граѓаните во нашата непристрастност и транспарентност

Следно

„Охридскиот договор не може повторно да се преговара“ – Ахмети: Не се плашев кога ме следеше цела Југославија, а не па Мицкоски

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop