„Охридскиот договор не може повторно да се преговара“ – Ахмети: Не се плашев кога ме следеше цела Југославија, а не па Мицкоски

December 13, 2024
1 min read

Јас не сум политичар на салони или колачиња, но политиките со реторика против друг етникум не не движат напред, рече првиот човек на ДУИ Али Ахмети на средбата што Европскиот фронт синоќа ја имаше со граѓаните на Гостивар. Одлуката на Уставниот суд за подготвителна седница за законот за јазиците ја толкува како обид за повторно преговарање за Охридскиот договор.

„Одлуката на Уставниот суд е овој закон да се одложи за три месеци, во март, евентуално во мај, кога ќе бидат повикани експерти и лидери на политички партии. Што значи ова?! Повторно се преговара за Охридскиот мировен договор за кој гарантираат САД, ЕУ, НАТО и натопен со крвта на ОНА. Но, кој дозволува? Каде е напишано ова? Од каде оваа нова храброст да се преговара за Охридскиот мировен договор?!“, порача Али Ахмети.

Зборувајќи за протестот на Европскиот фронт пред Уставниот суд на денот на одржувањето на седницата, Ахмети рече дека излегле да го бранат Законот за употреба на албанскиот јазик во земјата на нивните предци.

„Ние не излеговме за политички поени бидејќи нашите информации беа точни, како што ги имаше и Христијан Мицкоски, кој рече дека ги следиме чекор по чекор што прават, како се движат, каде одат. Дали мисли  дека ме плаши ?! Ме следеше цела Југославија и не се плашев… “, вели Али Ахмети.

За Охридскиот договор, Ахмети додаде дека не верува дека постои Албанец кој би сакал да го изгуби и да го “погреба“ Охридскиот договор, без разлика на неговата политичка определба.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рокас: Судството да преземе мерки во случајот со Груби и Беџети

Следно

Кекеновски до Ахмети: Добрите и политичарите визионери не поддржуваат донесување на притивуставни закони

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop