Рокас ѝ го предаде Извештајот на ЕУ на Адеми: Активностите на Врховниот суд се позитивно оценети

November 1, 2024
1 min read

Амбасадорот на Европската Унија, Микалис Рокас, во Врховниот суд на Република Северна Македонија на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми ѝ го предаде новиот Извештај на Европската Комисија.

Во Извештајот се нотираат активностите на Врховниот суд за унапредувањето на судската практика и конзистентноста на судските одлуки, објавувањето на новата Збирка на судски одлуки, утврдувањето на начелните ставови и за одлуките на судот во однос на прашања од висок јавен интерес и заштитата на законитоста.

Во делот за независноста на судството Извештајот се осврнува и на постапката за разрешување на претседателката на Врховниот суд поведена поради јавните изјави за надворешните политички влијанија во работата на судот, која беше запрена.

Исто така, во Извештајот се нотираат деловничките измени за јавност на Општата седница и унапредувањето на транспарентноста и заложбите и активностите на Врховниот суд за заштитата на животната средина преку расправата за начелниот став како конкретен придонес во заштита на здравјето и спречувањето на загадувањето на воздухот.

Амбасадорот Рокас во своето обраќање пред судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, ги образложи клучните констатации и препораки во Извештајот на Европската Комисија кои се однесуваат на владеењето на правото, осврнувајќи се при тоа на активностите на Врховниот суд.

Амбасадорот во таа насока ја истакна важноста на владеењето на правото и спроведувањето на потребните реформи, додавајќи дека од суштинско значење е посветеноста кон нивното спроведување.

Адеми нагласи дека Извештајот на ЕУ има посебно значење за Врховниот суд поради искрената посветеност кон исполнувањето на европските стандарди.

„Извештајот на Европската Унија за нас преставува вистинска мотивација. Препораките за судството се пријателски совети. Посебно сум благодарна за позитивните оценки за Врховниот суд. Ќе продолжиме со исполнувањето на европските стандарди кои се на браникот на владеењето на правото”, истакна претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкараз по елиминацијата од Имбер се пожали на подлогата во „Берси“

Следно

Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина

Latest from Blog

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап
Go toTop