Родителите во Агино Село не ги пуштија децата на училиште зашто не е реконструирано со години

September 1, 2023
1 min read

Министерот за образование кажа оти не е доставена целосната документација за реконструкција од страна од надлежните во локалната самоуправа, но дека и како МОН и како Влада ќе се реорганизираат и веднаш на наредната владина седница и ќе обезбедат пари за санација и училиштето ќе влезе во програмата

Фото: МИА

Родителите на учениците од подрачното училиште „Кирил и Методи“ од кумановското Агино Село денеска не ги пуштија учениците на првиот ден од новата учебна година во знак на револт бидејќи училиштето со години не е реконструирано, а е изградено во 70-тите години од минатиот век, јави дописничката на МИА.

Фото: МИА

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, на првиот ден беше во посета токму на училиште во Куманово каде што одговарајќи на новинарски прашања ги повика надлежните од училиштето во Агино Село да ја донесат потребната и целосната документација за санација на ова подрачното рурално школо. Тој кажа оти не е доставена целосната документација за реконструкција, но дека и како МОН и како Влада ќе се реорганизираат и веднаш на наредната владина седница и ќе обезбедат пари санација и училиштето ќе влезе во програмата.

Министерот објасни дека според Законот за основно и средно образование основач на основните и средните училишта се и локални самоуправи и при секој повик и објава на МОН локалните самоуправи треба да достават целосно комплетиран проект до Министерството за тој проект да се предвиди во програмата.

„Тоа значи дека треба да имаат дозволи за градба, дозвола за реконструкција и други потребни документи за ние да можеме да го внесеме во програмата. Одговорно тврдам дека јас како министер, зашто не е големо училиштето не треба да учат учениците во такви услови заедно со претседателот на Влада на правата наредна седница ќе направиме измена на програма, ќе комплетираме, обезбедиме и реорганизираме од буџетските средства да тие деца имаат подобри услови во наредниот период“,

вети Шаќири.

Во подрачното училиште во Агино Село учат стотина деца.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ за особен придонес во светската филмска уметност

Следно

Приведен крадец од Скопје за издржување затворска казна

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop