Родителите и наставниците клучни фактори за безбедноста на младите на интернет

March 9, 2025
4 mins read

Социјалните мрежи се дел од секојдневието на младите, но нивното неправилно користење може да предизвика сериозни последици. Ова особено го нарушува процесот на учење, кој во недостиг на соодветни мерки, може да влијае деструктивно на образовниот процес. Родителите и наставниците, со поддршка од институциите, играат клучна улога во едукацијата и заштитата на младите. Во оваа насока, Министерството за образование и наука и Министерството за дигитална трансформација изработија упатство за употреба на социјални мрежи кое има за цел да им помогне на наставниците и родителите во насочувањето на децата кон правилно и безбедно користење на интернетот и социјалните мрежи, со акцент на едукативните цели и заштитата на личните податоци.

Мирјана Јовановска Стојановска, психотерапевт, истакнува дека неправилното користење на социјалните мрежи може да предизвика значителна штета. Според неа, штетата се одразува на когнитивните способности, однесувањето, социјализацијата, емоционалната регулација, комуникацијата и контактот со реалноста надвор од виртуелната реалност.

– Штета има на физичкото здравје заради недвижење, неправилна положба на рбетот и вратот настануваат искривувања кои тешко се коригираат. Недвижењето ја намалува мускулната маса и влијае на циркулацијата на крвта, на лимфата и работа на сите внатрешни органи. Особена штета предизвикува на менталното здравје во периодот на интензивно растење и развој на личноста оневозможува личноста да развие особини кои се градат само во директен контакт со реалноста, вели таа.

Досега, како што споделува, не наишла не некое истражување за поврзаноста на социјалните мрежи со академскиот успех, но, од логично размислување, како што вели, за повисок академски успех потребно е многу време да се посвети на учењето. 

-Тоа значи дека нема многу време да остане некој да се занимава со социјалните мрежи. Односно, не значи дека нема да биде присутен на мрежите, но, времето ќе биде многу ограничено, вели Јовановска Стојановска.

Укажува  дека треба отворено да се зборува со младите за користа од социјалните мрежи и за штетата што ја предизвикуваат. 

-Од првиот момент кога на детето ќе му се даде телефон, таблет или компјутер, треба да му се каже дека треба да биде многу внимателно. Треба да се контролира и времето кое го поминува на мрежите. Но, најважно е ние како возрасни да му понудиме  заедничко квалитетно време и да му покажеме какви убавини нуди реалното живеење. Наставниците, исто така, треба да зборуваат за опасностите и би требало некој да им одржи часови како може да се заштитат себе си. Да научат стратегии и алатки да препознаат лажни профили, како да ги селектираат пријателите, како да развијат критичност кон содржините на интернет, вели овановска Стојановска.

Министерство за образование и наука и Министерството за дигитална трансформација со упатство за безбедно користење на социјалните мрежи 

Обидувајќи се да ги превенираат последиците од социјалните мрежи врз младите, Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за дигитална трансформација (МТД) изработија упатство за употреба на социјални мрежи. Ова упатство, како што велат, ќе биде од голема помош на наставниците во нивните напори за насочување на децата кон правилно и безбедно користење на интернетот и социјалните мрежи. 

– Упатството е веќе споделено со училиштата и цениме дека ќе биде од голема помош на наставниците во нивните напори за насочување на децата кон правилно и безбедно користење на интернетот и социјалните мрежи и тоа најмногу за едукативни цели. Сакаме да напоменеме дека и досега, за наставниците во континуитет се организираа обуки на оваа тема и секако, ќе продолжат да се организираат и понатаму, велат од МОН.

Во контекст на превенирање на негативните влијанија на интернетот врз младите, како што дополнуваат, воведена е медиумска писменост во основното образование, како посебна тема во рамки на предметот мајчин јазик, а ќе биде интегрирана и во предмети во средното образование. 

-Исто така, преку повеќе проекти, наставни и воннаставни активности се развиваат дигиталните вештини на младите и на тоа ќе се обезбеди континуитет, затоа што, постојано доаѓаат нови генерации кои имаат свои предизвици кога е во прашање интернетот. Од друга страна и родителите/старателите на учениците, неопходно е да бидат вклучени во образованието на своите деца, бидејќи одговорноста за нивниот развој е заедничка на сите нас, посочуваат од МОН.

Од Министерството за дигитална трансформација велат дека во упатството постојат општи насоки за користење на дигитални платформи и совети до родителите за алатки со кои можат да го контролираат времето што нивните деца го поминуваат пред екран.

Главните цели вклучуваат заштита на личните податоци на учениците, спречување на сајбер-малтретирање и поттикнување на користење на социјалните мрежи за едукативни цели. 

– Родителите ќе се насочат кон користење на алатки за родителска контрола како Google Family Link и Apple Screen Time, поставување на временски ограничувања за екран, блокирање на несоодветни содржини, следење на онлајн активностите на децата и поттикнување на отворена комуникација со нив,  укажуваат од МТД.

Еден од начините е проектот MKSafeNet, кој е во имплементација на МТД и има за цел развој на ресурси и едукативни содржини соодветни на возраста за подигнување на свеста за безбедноста на интернет. Ова вклучува воспоставување база на знаење за ресурси, унапредување на едукацијата за безбедност на интернет и промовирање на дигитална писменост кај младите.

-Преку проектот MKSafeNet ќе се работи директно на градење механизми за заштита на приватноста на учениците и спроведување на општи мерки за подобра онлајн безбедност. Во делот на операционализирани ресурси и услуги за безбедност на интернет МКSafeNet /Центарот за побезбеден интернет има за задача создавање целосно оперативни линии како механизам за помош т.е. телефонски линии, е-маил, chat комуникации и слично Со посебна процедура за заштита на лични податоци и комуникација со засегнатите страни. Со тоа го рационализира процесот преку соработка, следење и механизми за известување, осигурувајќи дека Центарот за побезбеден интернет има робусна инфраструктура за да обезбеди навремени информации, поддршка и советување за онлајн безбедност, велат од Министерството за дигитална транспормација.

Потенцираат дека упатството има информативен и советодавен карактер, со цел да обезбеди насоки за безбедно користење на дигиталните платформи и социјалните мрежи. 

-Министерството нема надлежност ни механизам да го контролира неговото почитување, но училиштата и родителите ги охрабруваме активно да го применуваат за заштита и благосостојба на учениците. Секако, доколку е потребна поддршка, Министерството со своите капацитети секогаш стои на располагање за унапредување на безбедноста на нашите деца во дигиталниот простор, нагласуваат од МТД.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Новак Ѓоковиќ елиминиран на турнирот во Индијан Велс

Следно

ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава

Latest from Blog

Доналд Трамп чекор назад – Украина повторно ќе добива разузнавачки информации од САД

Откако романската изборна комисија ја забрани претседателската кандидатура на десничарскиот политичар Калин  Георгеску, на улиците на Букурешт беа организирани масовни демонстрации, кои брзо се претворија во хаос. Откако ја дознале одлуката на

Изградбата на регионална депонија во Новаци повторно неизвесна

Изградбата на регионалната депонија во Новаци повторно на “стаклени нозе”.Иако не е во нивната општина,Битолчани најавуваат протести за в сабота, се плашат од ново загадување , а советниците предложија референдум.И од граѓанскиот

За здрава исхрана за време на Рамазан консумирање јаткасти плодови

ТЕКИРДАГ (AA) – Раководител на Одделот за инженерство за храна на Универзитетот „Намик Кемал“ во Текирдаг, проф. д-р Исмаил Јилмаз, за здрава и урамнотежена исхрана за време на Рамазан препорача консумирање јаткасти

„Нема да успеат израелските закани за продолжување на војната во Газа“, истакна Хамас

АНКАРА (АА) – Палестинското движење на отпорот Хамас денес изјави дека израелските закани за продолжување на војната во Газа „нема да успеат“, јавува Анадолу. „Го потврдуваме нашето целосно придржување кон договорот за

Полициска акција против трујачите со мазут

Државата преку Бирото за јавна Безбедност испишува историја. Курир дознава дека денес БЈБ со останатите надлежни институции отпочнале со координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут што
Go toTop