„Роде мој“ – ново музичко парче кое обединува и силно одекнува во срцето на секој Македонец

August 20, 2025
1 min read

Овде душата секогаш бара душа, овде љубовта своја песна си слуша, овде родот мој секому даде рака, ајде роде мој почни сам да се сакаш!… – дел од стиховите од новото патриотско музичко парче со наслов „Роде мој“ кое ги обедини сите учесници во проектот „Македонијо во срце те носиме“ и кое силно одекнува во срцето на секој Македонец како порака, потсетник и повик. „Роде мој“ е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и аранжманот и Борче Нечовски, чиј е текстот.

По премиерата на новата заедничка песна „Роде мој“, која ги обедини сите учесници во проектот, следува нова страница во оваа музичка приказна полна со љубов, гордост и патриотизам. Следува ново музичко поглавје заштоцелиот тим, предводен од Скендеровски продукција, со несебична посветеност и визија, продолжува со својата мисија – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, со песни кои не само што нѐ потсетуваат од каде доаѓаме, туку и нè обединуваат кога најмногу ни треба заедништво. Така, веќе од 26 август од Охрид, со почеток во 20 часот, тргнува и караванот во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект.

Инаку, во рамки на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“, работен под капата на Скендеровски продукција, публиката досега ги слушна: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна“ (Александар Тарабунов) „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска) и Ако умрам ил загинам“ (Наум Петрески).

Уживајте во „Роде мој“ – песна со порака, со љубов, со душа

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

Следно

Ѓорѓиевски: „Победничката програма ќе ја пишуваме заедно со народот

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop