Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025
1 min read

Белата куќа отвори официјален профил на ТикТок, во момент кога се приближува новиот рок за компанијата ByteDance да ги продаде своите американски операции или во спротивно апликацијата ќе биде целосно забранета во САД.

Првиот објавен видеоклип содржеше моменти од јавните настапи на претседателот Доналд Трамп, кој во него изјавува: „Јас сум вашиот глас“, пренесува ДПА.

ByteDance, со седиште во Кина, подолго време е под критики во САД поради стравувања дека личните податоци на американските граѓани би можеле да завршат во рацете на кинеските власти. Клучна точка на спор е алгоритмот на ТикТок, кој определува кои видеа ќе им бидат прикажани на корисниците. Критичарите предупредуваат дека Пекинг би можел да го користи алгоритмот за влијание врз јавното мислење во САД, што ТикТок и ByteDance постојано го демантираат.

Законот што лани го потпиша тогашниот претседател Џо Бајден предвидува ByteDance да се повлече од американскиот пазар или ТикТок да биде забранет. Трамп, кој го наследи Бајден, повеќепати го продолжуваше рокот за продажба. Најновото одложување беше на 19 јуни, кога даде уште 90 дена. Иако законот дозволува само едно продолжување, досега продажба не е реализирана.

Во својот прв мандат Трамп се обиде со закана од забрана да ја наметне продажбата на ТикТок, но американските судови го спречија. Сега, кога законот дава посилна правна основа за забрана, тој го смени пристапот и ја користи платформата како алатка за кампања, особено за да допре до помладата популација и да ја зајакне својата кандидатура за повторно влегување во Белата куќа, пишува ДПА.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

Следно

„Роде мој“ – ново музичко парче кое обединува и силно одекнува во срцето на секој Македонец

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop