Ѓорѓиевски: „Победничката програма ќе ја пишуваме заедно со народот

August 20, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека победничката програма за развој на главниот град ќе ја изработи заедно со граѓаните. Тој денеска порача дека иднината на Скопје мора да се гради врз идеи, визии и предлози кои ќе дојдат директно од луѓето.

„Ова нема да го направи еден човек, туку тоа ќе го направиме заедно – со вашите идеи, предлози и визии. Секоја мисла е вредна, секое мислење е важно“, истакна Ѓорѓиевски.

Преку специјално изработен QR-код, кој ќе биде достапен на повеќе локации низ градот, граѓаните ќе можат да ги испратат своите идеи и проекти за подобро Скопје. Ѓорѓиевски нагласи дека со заеднички напори, градот ќе се претвори во европска метропола во која младите ќе гледаат иднина, семејствата ќе имаат сигурност, а постарите достоинствен живот.

 

„Сплотени, мотивирани и одлучни, ќе работиме до последниот атом за Скопје да стане град со кој сите ќе се гордееме. Ова е нашата заедничка шанса да испишеме нова ера на развој и просперитет“, порача тој.

Ѓорѓиевски кампањата ја води под мотото „Најдоброто допрва доаѓа“.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Роде мој“ – ново музичко парче кое обединува и силно одекнува во срцето на секој Македонец

Следно

Меџити: „Чаир заслужува поквалитетен живот и сигурна вода“

Latest from Blog

Кромберг и Шуберт продолжува успешно да работи – Мицкоски во посета на фабриката во Битола

Разговорот беше фокусиран на индустриските приоритети, вработувањето, развојот на техничкиот кадар и долгорочната конкурентност на македонската економија Кромберг и Шуберт денеска беше домаќин на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на

Образование на мајчин јазик и подобри услови – клучни барања на Македонците во Албанија

Редакција на весник Македонски весник “Илинден“ Македонците во Албанија и понатаму се соочува со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места. Иако македонското малцинство

Пронајдени остатоци од товарниот авион „Боинг

Во тек се напори за пронаоѓање на петте членови на екипажот кои биле во авионот, соопштија пакистанските власти, пренесува Ројтерс. Остатоци од товарниот авион „Боинг 737“ на „К2 Ервејс“ беа пронајдени 53
Go toTop