„Репортер: Форум за преиспитување на новинарството во дигиталната ера“ во организација на АА

June 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Денес во Анкара започна форумот „Репортер: Форум за преиспитување на новинарството во дигиталната ера“ во организација на Агенција Анадолу (AA).

На форумот, кој почнува денес во 11:00 часот по локално време во Генералниот директорат на АА, ќе се разговара за основните информации од традиционалното новинарство, социјалните медиуми и апликациите за вештачка интелигенција кои ги обликуваат денешните медиуми.

На форумот чиј модератор е Зејнеп Бајрамоглу Озтурк, свои обраќања ќе имаат проф. д-р Фатих Кескин, продекан на Факултетот за комуникации на Универзитетот во Анкара, и новинарите Селим Аталај, Таха Хусеин Караѓоз, Ахмет Јешилтепе и Дидем Озел Тумер.

Во рамките на програмата на форумот ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу Универзитетот во Анкара и АА.

На форумот на кој ќе биде претставена и ажурираната книга „Репортер“ на АА, ќе присуствуваат академици и студенти од факултетите за комуникации, репортери кои работат во традиционални и дигитални медиуми и вработени во АА.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Раселените Палестинци се соочуваат со здравствена криза поради отпадните води во Појасот Газа

Следно

Ѓузелов во СТУДИО 10: Власта сепак носи сериозни одговорности, кога си во опозиција може да кажуваш сешто

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop