Ѓузелов во СТУДИО 10: Власта сепак носи сериозни одговорности, кога си во опозиција може да кажуваш сешто

June 26, 2024
1 min read

Мислам дека суштинско репреговарање со Бугарија не е возможно во моментот, мислам дека се цели кон некое симболичко преговарање со што би се намалил тој бугарски диктат и бидејќи претходно имаат најавено дека немаат ништо против Бугарите да влезат во Устав. Јас на ова гледа оптимистички, како на подотворена врата. Тоа нема да има суштинско значење, но ќе има симболичко за новата влада, вели политикологот Борјан Ѓузелов во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Кога би се покажала малку добра волја од другата страна на новата влада ќе и биде полесно да ја голтне кнедлата оти е сега е власт и во позиција да ги решава проблемите. ВМРО-ДПМНЕ играше нефер во последните години кога велеше дека ќе се укинат договорите и дека ќе репреговара оти кога си на власт си соочен со реални проблеми. Ја повикувам јавноста да не ги повикува на одговорност за ова, за да не се случи да направат поголема штета од која сите ќе трпиме, вели Ѓузелов. 

Ѓузелов во врска со Преспанскиот договор и прашањето со неприфаќањето на уставното име Северна Македонија од ВМРО-ДПМНЕ вели дека новата власт сега е во обид да балансира, да ја задоволи домашната јавност, а притоа да не го наруши меѓународниот договор.

– Тенденцијата на зголемувањето на парламенталното мнозинство и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ и онака има мнозинство, а за да се дојде до две третини од пратениците, мене ми се чини дека е маневар за спроведување на уставните измени, а во таа смисла сум умерен оптимист, вели Ѓузелов.

Во однос на користењето на придавката „северномакедонски“, Ѓузелов вели дека дека тоа не е договорено во Преспанскиот договор и не треба да се користи, а кога го користат странски претставници треба да реагира македонската дипломатија.

Во вррска со реформите што треба да се спроведат во државата Ѓузелов вели дека ние мораме да сметаме дека тие реформи се за нас, а не се за ЕУ што претходната власт го заборави.

– Затоа претходната власт ги загуби изборите, и онаа на Груевски и оние на Заев и Ковачевски, па новата власт би требало да научи од нивните грешки кога станува збор за заложбите за унапредување на животот во земјата во смисла на подобрување на институциите, вели Ѓузелов, но предупреди да не се избрзува со измените како што се избрза со измената на законот за министерствата.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Репортер: Форум за преиспитување на новинарството во дигиталната ера“ во организација на АА

Следно

Ако не биде Макрон, ќе биде граѓанска војна

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop