РЕПЕРТОАРОТ ВО ОПЕРАТА И БАЛЕТОТ ЌЕ СЕ ПРАВИ ОД ЈАНУАРИ ДО ЈАНУАРИ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ ОЛИВЕР АРСОВСКИ

October 15, 2024
1 min read

Репертоарот на Националната опера и балет (НОБ) отсега ќе се објавува од јануари и ќе важи до наредниот јануари, најави денеска в. д. генералниот директор Оливер Арсовски. Арсовски заедно со уметничките раководители на Операта и на Балетот, Христо Саракинов и Киро Павлов, го претставија репертоарот на националната установа до крајот на годината, потенцирајќи дека ќе има по повеќе претстави месечно, во споредба со изминатите години.

„Националната опера и балет не е Универзална сала. Изминатите години прво се гледало да се даде за изнајмување, па после да има простор за претставите од репертоарот. Тоа веќе нема да се случува. Прво ние ќе го пополниме календарот, па ако има место, ќе ја изнајмуваме за други проекти“, кажа Арсовски. Од јануари, додаде тој, сигурно ќе има по 2 оперски и 2 балетски претстави од железниот репертоар, а сѐ останато ќе бидат концерти, рецитали, претстави на мала сцена.

Павлов најави поголема активност на малата сцена, детски претстави, како и промовирање и вложување во нови балетски имиња, кои ќе го носат репертоарот во наредните 20 години.

Ноември ќе биде посветен на одбележување на 100 години од смртта на италијанскиот композитор Џакомо Пучини. На 8 ноември е најавена „Боеми“, на 16 ноември е „Мадам Батерфлај“, на 23 ноември е „Тоска“ и на 29 ноември е закажана „Турандот“. Претставите ќе бидат со странски диригенти и пејачи.

Сезоната во НОБ се отвора утревечер со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бербок до Муцунски: Северна Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне преговорите со ЕУ

Следно

Јакимовски и одговори на Јаневска: Не треба снаоѓање, туку министерката да обезбеди пари за да може децата да имаат греење

Latest from Blog

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и

М-НАВ: Завршени сите активности за отстранување на стариот радарски систем

Соопштение за јавност М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите беа реализирани во период со магла

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен
Go toTop