Бербок до Муцунски: Северна Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне преговорите со ЕУ

October 15, 2024
1 min read

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок рече дека Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во уставот, за да ги почне преговорите со ЕУ.

Таа во изјава за Дојче Веле објаснува дека не постои никаква неправда, туку тоа е почитување на правилата на ЕУ, и покрај тоа што, како што рече, и самата таа се залага за укинување на принципот за едногласност во ЕУ.

– Во ЕУ, се одлучува едногласно. Нема никаква неправда. Не се согласуваме со нашите европски партнери во се, но правилата се тие. Сè додека правилата не се сменат, Северна Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне пристапните преговори со ЕУ“, рече Бербок, која на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски му кажа дека вметнувањето на бугарското малцинство во уставот е последната пречка за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ.

Муцунски соопшти дека со германската министерка било разговарано за евентуалното одлучување во ЕУ со квалификувано, наместо со едногласно мнозинство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Руралните жени се хероини на кои треба да им се восхитуваме и да ги поддржуваме

Следно

РЕПЕРТОАРОТ ВО ОПЕРАТА И БАЛЕТОТ ЌЕ СЕ ПРАВИ ОД ЈАНУАРИ ДО ЈАНУАРИ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ ОЛИВЕР АРСОВСКИ

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop