Драма на небото: Авион итно приземјен поради појава на оган на крилото

December 21, 2025
1 min read

Летот AF7562 на „Ер Франс“, кој сообраќаше на релацијата од аеродромот Орли во Париз до Ајачо, беше пренасочен кон Лион по нешто повеќе од 35 минути лет поради технички проблем.

Авиокомпанијата објави дека проблемот е поврзан со авион Ербас А320 , без да даде детали, објави BFM TV.


„Одлуката е донесена во согласност со процедурите на производителот, правилата на компанијата и примената на принципот на претпазливост“, соопшти авиокомпанијата.

Компанијата не даде детали, но некои патници соопштиле дека приметиле пламен на крилото и дека дошло до нагло губење на брзината и висината.


„Во еден момент, авионот одеднаш почна да паѓа. Сè се вклучи, копчињата светнаа, сè трепкаше. Еден човек ги зеде своите деца во раце затоа што мислеа дека авионот ќе се сруши“, изјави за RTL Кристел, една од патничките на летот Париз-Ајачо.

Според изјави на очевидци, преовладала голема паника во кабината и патниците почнале да врескаат. Авионот слетал нормално во 18:25 часот на аеродромот во Лион. Во 21:45 часот, патниците биле качени во друг авион за Бастија, од каде што со автобус биле превезени до Ајачо.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данската пошта прекинува со достава на писма по повеќе од 400 години

Следно

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop