Ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини на 24 февруари на сцената на Опера и балет

February 20, 2023
1 min read

На 24 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини.

Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под  диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.

Операта е во четири чина, дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Наде Талевска, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Александар Никодиновски, Диме Петров, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Со изведбата на оперската претстава „Боеми“, диригентката Бисера Чадловска, ќе го одбележи јубилејот 20 години уметничка дејност на сцената на Националната опера и балет. Таа е првата жена диригент во Македонија, но важи и како еден од најплодните македонски оперски и балетски диригенти, со завидна бројка од над 50 оперски и балетски наслови во текот на нејзиното 20 годишно работење како прв диригент во Националната опера и балет.

„Музиката е неисцрпен извор на убавина, а една од моите желби секогаш беше да ја диригирам операта „Боеми“. Во изминатите 20 години, ја немав таа можност и затоа одлучив за овој мој прв поголем јубилеј да ја диригирам токму оваа опера. Таа е голем диригентски предизвик, прекрасна и емотивна музика. Задоволството е уште поголемо бидејќи сцената ќе ја делам со моите колеги од оркестарот, хорот и солистичкиот ансамбл на Националната опера и балет, со кои соработувам сиве овие години.“ – Бисера Чадловска, диригент

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРИСТИГНА ОБЈАСНУВАЊЕ: Познато зошто македонското знаме не се најде во кореографијата на навивачите на Трабзон

Следно

Едвај четвртина од ветените тенкови ќе стигнат во Украина пролетва

Latest from Blog

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко – еден од најгласните активисти за правата на Ромите

Македонската јавна сцена и новинарската заедница изгубија еден од своите најавтентични ликови. На 64-годишна возраст, под долго боледување, почина Рамуш Муарем – Цирко, новинар, уредник, актер и еден од најгласните активисти за

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на
Go toTop