Може ли АА повторно под еден покрив? Села му одговори на Таравари преку Фејсбук

April 17, 2025
1 min read

Големината на вратата на куќата ја одредува сопственикот на куќата, кој мора да има чест, доверба и збор, но кога ги нема овие, таа куќа не се нарекува ни куќа, а камоли голема! На овој начин лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, одговори на зборовите на неговиот поранешен сопартиец, кој исто така тврди дека е лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

-Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, даден и одржан збор и мажественост се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ни куќа ни врата, а камоли голема…“, стои во објавата на Села.

На прашањето за овој став на Села, Таравари за ТВ21 рече дека Алијанса за Албанците останува голема куќа, но проблем се неколкумина со големо его.

-Проблемот е што некои луѓе имаат его (наречете ги гордост ако сакате) толку големо што излегуваат од контакт со реалноста. Обично ваквите типови на ликови ненамерно им нанесуваат штета на другите, но пред се на самите себе. Да, Алијансата за Албанците е голема врата и има место дури и за осамениците кои ноќе се молат, а дење “глумат морал“, рече Таравари.

Оваа „комуникација“ на дистанца меѓу Села и Таравари доаѓа откако пред два дена, на прашањето дали постои можност за повторно обединување на Алијанса за Албаницте, Таравари изјави дека алијанса е отворена куќа, голема и дека сите се добредојдени. Тој ја изрази својата отвореност за соработка со сите партии за кандидати за градоначалници, откако раководството на Алијанса за Албанците одлучи на локалните избори да излезе со посебни листи за општински советници.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САНДРА ХИЛЕР И КОЛМАН ДОМИНГО ЌЕ ИГРААТ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ГОРАН СТОЛЕВСКИ

Следно

Рекорден број бездомници во Брисел – речиси 10.000 лица, пораст од 25 отсто од 2022 година

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop