Речиси два милиона муслимански верници се искачија на ридот Арафат како дел од годишниот аџилак

June 5, 2025
1 min read

МЕКА / ИСТАНБУЛ (АА) – Речиси два милиона муслимански верници денес се искачија на ридот Арафат во близина на саудискиот град Мека како дел од годишниот аџилак, јавува Анадолу.

Минувајќи ја ноќта во молитва и споменување на Бога во шаторскиот град на Мина – првиот дел од петдневниот аџилак – аџиите, облечени во бела облека што ја потенцира рамноправноста без оглед на социјалниот статус или националноста, се подготвија за престојувањето на ридот Арафат од рано утро.

Верниците ќе го поминат цел ден на Арафат во постојана молитва и барање прошка и милост од Бога.

Потоа ќе се спуштат во Муздалифа, на половина пат помеѓу Арафат и Мина.

Ќе се вратат во Мина, каде што ќе учествуваат во симболичниот ритуал „каменување на ѓаволот“.

По ритуалот на каменување, утре аџиите ќе жртвуваат животни и ќе го одбележат почетокот на празнувањето на Курбан бајрам.

Аџилакот е петтиот столб на исламот – обред што треба да го извршат сите муслимани барем еднаш во животот, доколку имаат финансиски можности.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попладне не очекува нестабилно време со дожд, грмежи и град!

Следно

Омерагиќ: Отворени сме за соработка со сите општини

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на
Go toTop