Реал и Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп

January 13, 2023
1 min read

Во финалето на шпанскиот Супер, кој се одржува во Саудиска Арабија, ќе се игра „Ел Класико“ меѓу мадридски Реал и Барселона, откако каталонскиот тим синоќа го совлада Бетис на пенали 6-4 (1-1, 2-2).

За Барселона стрелец беше Роберт Левандовски во 40. минута, а во второто полувреме израмни Французинот Набил Фекир во 77. минута. Во продолжението Ансу Фати во 93. минута ја врати Барселона во водство, а осум минути подоцна натпреварот во пенал серија го однесе Лорен Морон.

Одлуката за победникот дојде во третата и четвртата серија кога Марк – Андре тер Штеген одбрани два пенали, а Педри го постигна решавачкиот гол.

Реал ден претходно, исто така, на пенали ја совлада Валенсија.

Барселона в недела од 20 часот во Ријад ќе се обиде да ја освои 14 титула во шпанскиот Суперкуп, а ланскиот победник Реал со триумф ќе се израмни според бројот на трофеи во ова натпреварување со каталонскиот тим (13).

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВО ЖИВО: Изјава на Христијан Мицкоски од Вевчани

Следно

Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветлување 

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop