Разрешувањето на Коцевски ќе трае со недели?! СДСМ обвини за партизација, ВМРО-ДПМНЕ против „кочење“ на предмети

February 25, 2025
1 min read

Власта очекува процедурата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски да трае со недели. Оттаму претходно истакна дека тој како државен обвинител е одговорен за неефикасноста во предметите, но и дека незаконски назначил прв човек на Вишото обвинителство. Неодамна премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Коцевски имал време да се покаже, а од опозицијата обвинија за упад на власта во правосудниот систем.

„Ова што го гледаме што го прави власта е дефинитивно една груба партизација и затоа повикуваме да се тргнат рацете на политиката токму од правосудството и да се видат сериозни чекори дека се работи на сериозни реформи во однос на судството“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

Од власта одговорија дека опозицијата го брани корумпираното правосудство, зашто тоа им овозможувало да не одговараат за криминалите.

„Потребни се реални реформи во судството и обвинителството. Со кадрите на СДС и ДУИ во судството и обвинителството, кои чекаат да дојде предмет против нивните шефови за да го отфрлат или закочат не се гради доверба во судството и обвинителството“, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот за разрешување треба да биде испратен во Советот на јавни обвинители, од каде истакнаа дека ќе дадат мислење во рокот од 15 дена. Коцевски пак изјави дека сам ќе си даде оставка ако се утврди дека направил тешка дисциплинска повреда, но тврди дека работел законски. Државниот обвинител се разрешува со 61 глас во Собранието. Засега владините претставници велат дека не зборуваат за името за наследник на Коцевски на функцијата, туку дека очекуваат тој да е бескомпромисен борец против криминалот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бизнисмен од Тетово 10 години не плаќал данок, финансиска полиција му поднесе кривична пријава

Следно

Средба Тошковски-Чаудари: Интензивирање на соработката во полето на безбедноста меѓу Македонија и Пакистан

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop