Средба Тошковски-Чаудари: Интензивирање на соработката во полето на безбедноста меѓу Македонија и Пакистан

February 25, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со пакистанскиот амбасадор со седиште во Софија, чија надлежност ја покрива и Македонија, Н.Е. Модсар Чаудари.

Оваа средба беше искористена за продолжување на разговорите за интензивирање на соработката во полето на безбедноста отпочнати за време на претходната средба со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Сајед Мохсин Раза Накви.

-Амбасадорот Чаудари уште еднаш ја потврди волјата на Министерството за внатрешни работи на Пакистан за потпишување на договор за реадмисија со македонското Министерство за внатрешни работи, што би било особено корисно за нас во борбата против нелегалната миграција како земја низ која транзитираат нелегални мигранти со пакистанско потекло. Воедно, се осврнавме и на постапката за потпишување на договор за полициска соработка, кој, меѓу другото, би опфаќал и соработка која би се реализирала преку Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи, потенцираше министерот Тошковски.

Двете земји и покрај географската оддалеченост имаат заедничка цел – обезбедување на безбедна средина за живот на своите граѓани со почитување на нивните права и во таа насока двете страни изразија подготвеност и подготвеност и желба за интензивирање на соработката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разрешувањето на Коцевски ќе трае со недели?! СДСМ обвини за партизација, ВМРО-ДПМНЕ против „кочење“ на предмети

Следно

Русија: Имаме 658 милиони тони резерви на ретки елементи

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop