Разговор Ердоган – Путин: Потребна е целосна истрага за експлозијата на браната „Каховка“

June 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека е важна сеопфатната истрага за експлозијата на браната „Каховка“ во Украина, на начин кој не остава простор за сомнение, јавува Анадолу.

Во телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, Ердоган рече дека може да се формира комисија со учество на руски и украински експерти, Обединетите нации и меѓународната заедница, вклучително и Туркије, објави Директоратот за комуникации на Туркије.

По експлозијата беше објавена вонредна состојба на двете страни на браната – едната страна контролирана од Русија, а другата од Украина.

Русија и Украина во вторникот меѓусебно се обвинија дека ја оштетиле браната „Каховка“, што доведе до поплавување на соседните населени места.

Москва ја обвини Украина дека се обидела да го отсече Крим од слатката вода што ја добива од резервоарот „Каховка“, формиран од браната, додека Киев тврди дека Русија се обидува да ја забави очекуваната контраофанзива.

Истакнувајќи ја важноста што целиот свет му ја придава на продолжувањето на Договорот за транспорт на жито преку Црното Море, Ердоган рече дека договорот воспоставен со заеднички напори игра витална улога во справувањето со глобалната криза со храна.

Ердоган, исто така, му кажа на Путин дека продолжувањето на консултациите со ОН за отстранување на пречките за извоз на руско жито и ѓубрива е корисно.

Нагласувајќи дека Туркије е решена да продолжи да ги прави потребните напори за воспоставување мир меѓу Москва и Киев, Ердоган рече дека Анкара е подготвена искрено да ја даде сета потребна поддршка за ставање крај на судирите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со децении имаме вонземска технологија

Следно

ПСЖ објави список со фудбалери со кои сака да се раздели

Latest from Blog

ШПАНИЈА ГОРИ, КОЈ ЈА ОСТАВА ДА ИЗГОРИ? Мадрид имал време да најде европски замени за руските авиони – парите биле потрошени за Украина

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење нa шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на
Go toTop