Расте бројот на жртви од земјотресите во Турција и Сирија: СЗО стравува дека билансот може драматично да се зголеми

February 8, 2023
1 min read

Директно или индиректно, повеќе од 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од катастрофалните земјотреси

Турските спасувачи извлекуваат жртви од под урнатини во Дијабакир/Фото: EPA-EFE/REFIK TEKIN

Уште една студена ноќ во очајна трка со времето за да се спасат заробени луѓе под урнатините, поминаа спасувачките екипи во Турција и Сирија.

Последните информации од двете држави говорат дека повеќе од 7 800 луѓе загинаа во разорните земјотреси од понеделникот, а Светската здравствена организација (СЗО), пак, стравува дека црниот биланс може драматично да се зголеми бидејќи спасувачките екипи може да пронајдат уште голем број тела под урнатините.

Директно или индиректно, повеќе од 23 милиони луѓе, според прогнозите, би можеле да бидат погодени од катастрофалните земјотреси.

Во извлекувањето на заробени лица и жртви од под урнатините учествуваат и роднини кои се приклучија на спасувачките екипи, а паралелно на помош во Турција пристигнуваат и тимови од голем број земји ширум светот.

Меѓу земјите кои испратија помош е и Северна Македонија од каде вчера 22 припадници на Баталјонот за специјални сили отпатуваа за Турција. Покрај нив, земјава испраќа и две кучиња обучени за трагање и двајца водачи.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Овој скопски локал нуди бесплатно кафе за сите кои ќе донираат

Следно

Ердоган во посета на регионите на југот од Туркије погодени од земјотресите

Latest from Blog

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на денешниот полумаратон во Дубровник, Хрватска. Нашиот натпреварувач го освои првото место со рекорд на патеката од еден час, осум минути и две секунди. На втората позиција

ФФМ: Бевме сведоци на срамен чин – ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат
Go toTop