Раскол во српската опозиција по одлуката на дел од партиите да не учествуваат на белградските избори

April 22, 2024
2 mins read

Лидерот на српската Партија на слободата и правдата Драган Ѓилас денеска во дебатата во Собранието на Србија изјави дека неговата партија нема да го прифати предлогот за измена на Законот за локални избори, што заеднички го поднесоа владата и дел од опозиција, бидејќи не елиминира ниту една нерегуларност забележана на изборите во декември.

На предлогот за измена на тој закон беа поднесени девет амандмани, а парламентарното мнозинство утринава одлучи за амандманите да се расправа веднаш по принципиелната расправа, така што денеска се очекува гласањето за законот.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ најави дека седницата ќе продолжи и по 18 часот.

Ѓилас денеска изјави дека не може да објасни што се случило и зошто се распаднала коалицијата „Србија против насилство“, но дека не сака да верува или да каже дека „некој решил да оди на избори затоа што така се договорил со (претседателот Александар) Вучиќ“.

Гостувајќи во Н1 телевизија, тој рече дека неговата партија заедно со колегите од партијата СРЦЕ и коалицијата НАДА денеска ќе гласаат против Измената на Законот за локални избори, како и дека ќе поднесат предлог уставен закон за да се одложат изборите за наесен.

„Сметаме дека тоа е единствениот начин да се дојде до фер и чесни избори, бидејќи само во тој случај ќе има време да се спроведат сите тие препораки на ОДИХР“, рече Ѓилас.

Тој посочи дека не му е јасно како некои партии решиле да излезат на избори, кога на 9 март годинава ја потпишале препораката на ПроГлас и им ветиле на граѓаните дека нема да излезат на избори доколку условите не се променат.

– Имавме шанса да направиме промени. Доколку останевме обединети и ако опстоевме на нашите барања, Вучиќ ќе мораше да попушти, нагласи Ѓилас.

На српската политичка сцена има нова опозициска коалиција под слоганот „Бирам борба“ – вклучува шест партии од поранешната коалиција „Србија против насилството“, која одлучи да учествува на претстојните белградски и локални избори на 2 јуни. Преостанатите три партии од таа коалиција, како и коалицијата „Нада“ решија да ги бојкотираат изборите во Белград, но не и локалните. За да може власта да го исполни барањето на опозицијата за единствени избори, српскиот парламент денеска расправа за измени на Законот за локални избори.

Претседателот на Националното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, на конференција во Собранието на Србија изјави дека овие партии донеле одлука да учествуваат на белградските и локалните избори истиот ден, покрај исполнувањето на три основни барања – формирање на комисија за ревизија на избирачкиот список, почитување на законот за медиуми и одржување на Белград и локални избори во ист ден и на локални избори.

Тој рече дека решиле без борба да не му предадат ниту една општина или град на режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Со предложените измени се предвидува одлуката за распишување избори да се донесе најрано 150 дена, наместо 120 дена и најдоцна 45 дена од денот пред истекот на мандатот, а од денот на распишување на локалните избори до денот на гласањето не може да поминат помалку од 30 наместо 45 дена ниту повеќе од 60 денови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Последен ден од кампањата за првиот круг од Претседателските избори

Следно

Лидерот на израелската опозиција го повика Нетанјаху да поднесе оставка поради неуспехот да го предвиди нападот на Хамас

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop