Лидерот на израелската опозиција го повика Нетанјаху да поднесе оставка поради неуспехот да го предвиди нападот на Хамас

April 22, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид денес го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да се повлече, по оставката на шефот на военото разузнавање поради неуспехот да го предвиди нападот на Хамас на 7 октомври, пренесува Анадолу.

Генерал-мајор Ахарон Халива, шефот на израелската воена разузнавачка служба, поднесе оставка поради неуспехот да го предвиди нападот на Хамас на 7 октомври.

„Оставката на шефот на военото разузнавање е оправдана и чесна. Би било соодветно и премиерот Нетанјаху да го стори истото тоа“, напиша Лапид на социјалната мрежа X.

Анкетата вчера покажа дека две третини од Израелците не веруваат во тврдењето на Нетанјаху дека нивната земја е блиску до постигнување непосредна победа во тековната војна во Газа што трае повеќе од шест месеци, според израелскиот „Канал 13“.

Анкетата, исто така, покажа дека 63 отсто од испитаниците поддржуваат одржување предвремени избори, додека 33 отсто претпочитаат гласањето да се одржи како што е закажано во октомври 2026 година.

Израел започна напади во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш се загинати најмалку 34.151 Палестинец, главно жени и деца, а 77.000 се повредени.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Меѓутоа, нападите продолжија со несмалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Раскол во српската опозиција по одлуката на дел од партиите да не учествуваат на белградските избори

Следно

Ердоган: „Мојата посета и потпишаните договори ќе претставуваат нова пресвртница во односите меѓу Туркије и Ирак“

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop