Рама: Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ, тоа е шанса Европа да се разбуди

February 16, 2025
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на панелот „Проширување на ЕУ“ на безбедносната конференција во Минхен, рече дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „најдарежливиот божји чин кон ЕУ“.

Тој оцени дека изборот на Трамп треба да послужи за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и да не биде „толку самореферентна“.

– Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и Европа мора прво да престане да биде толку самореферентна. Се согласувам со Марта дека вредностите и принципите што ги обединуваат земјите-членки треба да останат такви, но не треба да бидат услови за да се има пријатели на овој свет. Мора да научиме да бидеме пријатели со другите, иако тие имаат различни вредности, различни мислења за тоа како треба да се живее животот, изјави Рама.

Тој додаде дека Европа треба да размислува и за моќ и за конкурентност, зашто „ако не можеме економски да се натпреваруваме, ништо друго нема да можеме да направиме“, заклучувајќи дека „во овој момент Западен Балкан е почва на можности“.

Во однос на се позачестените информации дека во Албанија ќе се населуваат Палестинци, тој рече дека „американската влада сè уште нема поднесено никакво барање за засолнување на палестинските бегалци во Албанија, но одговорот сепак ќе биде „Не!“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа

Следно

Доаѓа студен бран со врнежи од снег

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop